Целта на „онлајн“-семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на постапување со барањата и решенијата за годишни одмори на вработени од моментот на нивно создавање, креирање, селектирање и нивно предавање на чување во архива.
Програма на семинарот:
– Закон за архивски материјал;
– Помошна евиденција во канцелариското работење;
– План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (општ дел);
– План и листа на архивски знаци со рокови на чување на документи (посебен дел);
– Прегледување и распоредување на документи и записи;
– Составување комисија за избор и ништење на документи;
– Распоредување документи по интерни доставни книги;
– Разведување и класифицирање документи по организациони единици;
– Одлагање решени документи во архива;
– Евидентирање на архивскиот материјал;
– Заштита, обезбедување и користење на архивскиот
и документираниот материјал во соодветен простор и стандардна опрема;
– Сопствена евиденција во процес на архивирање;
– Воспоставување на ефикасен систем за управување со документи;
– Правилна класификација и рокови на чување на документација;
– Организација и надзор на документиран систем;
– Упатство за начинот и техниката на постапување со архивскиот
и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење
– Уредба за канцелариско и архивско работење;
– Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
– Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење.
Целна група за семинарот:
-директори, раководители на сектори за нормативно-правни работи и човечки ресурси во компаниите, вработени во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на канцелариското и архивското работење, да се информираат околу Законот архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење.
Предавач:
-м-р Валентина Тодоровска, магистер по економски науки, специјалност финансиски менаџмент, управител на „Акаунтинг Солушнс“ со 25-годишно искуство во областа на архивското работење.
Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 19.08.2022 годин