TTK Банка АД Скопје воведе нова функционалност кај VISA платежните картички со која корисниците имаат можност самостојно да го променат дневниот лимит за плаќања преку Интернет преку електронското банкарство или преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК m-bank. Оваа новина овозможува поголема флексибилност, сигурност и заштита на плаќањата преку Интернет.
Отсега корисниците во кое било време и без ограничувања, во согласност со потребите, ќе имаат можност да го променат стандардниот лимит од 20.000,00 денари (дневно) така што ќе го намалат на 0 денари и ќе забранат Интернет трансакции, или пак ќе го зголемат дневниот лимит до максималниот износ од 100.000,00 денари за Visa Electron и Visa Classic картичките односно до 250.000,00 денари за Visa Business картичките. За поголеми износи и понатаму ќе мора да се доставува барање за одобрување преку шалтерите на Банката.
Новата услуга е бесплатна. За користење на услугата потребно е корисниците да имаат активен дигитален сертификат или софтверски токен, коишто се бесплатни.
Наскоро ќе биде овозможено и управувањето со дневните лимити на платежните картички при повлекување на средства од банкоматите на ТТК Банка АД Скопје како и за плаќања во трговија.
За брзо и лесно користење на новата услуга на ТТК Банка АД Скопје, како и лесна навигација во апликацијата, можете да ги погледнете следните упатства:
Упатство за промена на дневен лимит при интернет-плаќања преку електронското банкарство;
Упатство за промена на дневен лимит при интернет-плаќања преку мобилното банкарство;
Упатство за инсталирање на софтверски токен за потпишување и плаќање на налози преку мобилното банкарство.
Дополнително, за функционалностите на електронското и мобилното банкарство можете да се информирате на:
– електронско банкарство за физички лица