Премиерот на онтарио, Даг Форд, најави дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што Онтарио ги снабдува во минесота, Мичиген и Њујорк.

– Ќе примениме максимален притисок за да го засилиме нашeтo влијание, изјави Форд. Според него, се проценува дека дополнителната наплата ќе изнесува околу 300 000 американски долари дневно. Ако САД ја ескалираат ситуацијата, нема да се двоумам целосно да ја исклучам струјата, предупреди Форд. Претседателот на САД неодамна започна трговска војна со соседите Мексико и Канада, воведувајќи 25-процентни царини на целиот увоз, но набрзо дел од мерките беа повлечени.