Големите производители на нафта предводени од Саудиска Арабија, постигнале согласност да го зголемат производството на нафта, откако Европската унија најави големо намалување на увозот на руска нафта. Поради ембарго на ЕУ за увоз на нафтата од Русија, цените на нафтата на светските пазари се искачија на рекордно високо ниво. Групата производители ОПЕК-плус реши да ослободи повеќе од резервите на нафта и на тој начин да го обезбеди пазарот.

Аналитичарите очекуваат дека групата ОПЕК-плус ќе дозволи скромно зголемување на количината на нафта што ја пласира на пазарот за уште 432 илјади барели дневно во јули. Извори од ОПЕК-плус за медиумите потврдиле дека била постигната согласност, зголемувањето на производството за јули и за август да биде 648 илјади барели дневно.

Тоа е зголемување за речиси 50 проценти повеќе отколку претходните испораки на нафта од тие земји. На тој начин ќе се компензира недостигот од руската нафта што повеќе нема да пристигнува во ЕУ.

Се проценува дека како последица на западните санкции производството на нафта во Русија опаднало за милион барели дневно.