Земјите извознички на нафта од организацијата ОПЕК разгледуваат можност да го зголемат производството на нафта за 300 до 600 илјади барели дневно во текот на следните неколку месеци, јави Блумберг.

 

Медиумот цитира неколку извори кои потврдуваат дека решение за тоа може биде постигнато за време на средбата на членовите на ОПЕК оваа недела во Виена, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Блумберг додава и дека земјите од оваа организација работат на „подобрување на соработката помеѓу картелот, Русија, и другите земји произведувачи на црното злато, таканаречената група ОПЕК+, во која спаѓаат 24 земји“.

 

 

Во моментов ОПЕК+ има производство од 32 милиони барели нафта дневно.

Според агенцијата, „потесна соработка помеѓу Русија и ОПЕК“ ќе помогне да се убедат Иран и Венецуела да поддржат растеж на вадењето во втората половина на годината.

Русија и Саудиска Арабија се подготвени да го зголемат производството на нафта за 1.5 милиони барели дневно, како компензација на падот во Венецуела поради економската криза во земјата и потенцијалното затворање на пазарот за дел од иранската нафта поради можните санкциите од САД.

Тоа значи и  распределба на квоти помеѓу учесниците во зделките на ОПЕК+ во полза на Ел Ријад и Москва и враќање на состојбите од 2016 година, јави Блумберг.

И админстраацијата на Доналд Трамп неодамна тајно заговараше зголемување на производството поради раст на цените на безнинот во САД.

Русија во моментов е најголемиот прозведувач на сурова нафта во светот. На второ и трето место се Саудиска Арабија и САД. Позициите се релативни и постојано се менуваат, бидејќи секоја од трите земји во моментов вади околу 10 милиони барели сурова нафта дневно.