Опел има крајна цел да понуди електрични возила кои совршено ги задоволуваат сите потреби на клиентите – во иднина ова ќе вклучува автономија при возење помеѓу 500 и 800 километри.
Тие планираат да станат исклучиво електрична марка до 2028 година, до кога производителот на автомобили од Риселсхајм ќе ги префрли сите модели на чиста електрична енергија. Овој бренд веќе нуди голем избор на модели со електромотори. Клиентите во моментов можат да нарачаат дванаесет електрифицирани варијанти – од микроавтомобилот Opel Rocks до големиот транспортер Movano.
Во средината на оваа деценија ќе следи нов електричен модел, Opel Manta, а наследниците на моделите Crossland и Insignia исто така ќе бидат електрични.