Веќе 11 години Комерцијална банка АД Скопје другарува со децата од Дневниот центар за згрижување и едукација на деца од улица во Шуто Оризари. Овој пат, традиционално пред Нова Година, Банката за нив организираше посета на киното „Милениум“, каде го гледаа синхронизираниот детски филм-комедија „Тера Вили“.

Во духот на новогодишните дарувања, Банката им подари на децата чоколадни задоволства и прехранбени продукти за појадок за овој месец за нивното задоволство од забавата да биде комплетно.

Координаторот на Центарот ја пренесе огромната благодарност до Комерцијална банка, потврдена и со десетици рачно изработени честитки од децата.