Таа е изработена во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење”, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП во соработка со Министерствата за локална самоуправа и за финансии.
Здружението на финансиски работници на Велес изработи физибилити студија за издавање на општинска обврзница и за придобивките од неа, врз чија основа Општина Велес ќе ги разгледува сите можности и оправданоста за издавање на општинската обврзница.
Таа е изработена во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење”, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП во соработка со Министерствата за локална самоуправа и за финансии.
Како што информира Општина Велес, претставници на Здружението на финансиски работници и на УНДП, вчера се сретнале со градоначалникот Аце Коцевски и разговарале за можноста за имплементација на овој проект односно во него да се вклучи Општината.
Елизабета Јовчевска од службите на Општина Велес, за МИА информира дека тие разговарале и за постапката за издавање на општинската обврзница, како и за придобивките од издавање на истата.
– По овој разговор ние започнуваме со дискусии и анализи за финансиската оправданост и придобивките на Општина Велес од евентуалното издавање на општинска обврзница, информира Јовчевска.
Како што појаснуваат од Општината, за да се одлучат да издадат ваква општинска обврзница прво е потребно да се утврди проект, потоа да се утврди вредноста на обврзниците и да се издаде јавен повик за заинтересираност за нив. На крајот од постапката, ако има интерес, тогаш општината да ги издаде.
Тие посочуваат дека веќе изработената физибилити студија, што претставува основа за понатамошни дискусии во Општина Велес за постапката на издавање.
Велес, заедно со општините Куманово, Гостивар, Кисела Вода и Струмица е еден од првите пет пилот општини каде е презентиран овој проект.