До есента 2020 година, земјата, исто така, може да има потреба од трет акционен план, рече унгарскиот премиер
Унгарија може да спроведе уште две економски стимулативни програми следната година, ако растот во Европската унија – нејзиниот главен трговски партнер – покажува знаци на забавување. Ова го објави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, цитиран од Ројтерс. Орбан го предаде својот годишен говор на унгарското малцинство во Романија. Настанот се одржа во градот Буј Тушнад.
“Ако нашите очекувања од европските економски изгледи се покажат како исправни, во пролетта 2020 година ќе ни биде потребен вториот, а во есен 2020 година, третиот акционен план за заштита на економијата на Унгарија”, рече Орбан.
Економската политика на унгарскиот премиер е фокусирана на одржување на економскиот раст што е повисок од просекот на ЕУ од 2%. Во јуни, владата го објави првиот пакет мерки, вклучувајќи намалување на даноците, за да се зголеми создавањето работни места.
Унгарската економија порасна за 5,3 отсто во првиот квартал од годината. Ова е највисок раст за 15 години. Министерот за финансии, Михаи Варга, рече дека јуниските мерки би можеле да го задржат растот од 4 отсто следната година.
Но, ако европските перспективи се влошат, ќе бидат потребни нови чекори. Денес, Орбан не даде детали околу овие чекори. Тој рече дека двете програми што може да се спроведат следната година ќе ја подобрат конкурентноста на Унгарија. Економистите очекуваат економскиот раст на Унгарија да се забави на 3,3 отсто следната година од проектираните 4,3 отсто оваа година.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк