Организација на потрошувачите на Македонија ги повика сите оштетени од осигурителните компании при плаќање на авто-полисите во периодот од 25 април до 5 мај да поднесат приговор.
– Доколку сте биле оштетени од некој од наведените даватели на финансиски услуги, преку оваа онлајн алатка можете својот проблем да го пријавите до Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), а ние ќе се обидеме да го решиме по институционален пат. Надлежните институции кои ќе ги контактираме за одделните даватели на финансиски услуги, а кои имаат овластувања да вршат надзор над нивната работа се: Народна банка на Република Северна Македонија-НБРСМ (банките и штедилниците), Министерство за финансии (финансиски друштва – брзи кредити и финансиски лизинг), Агенција за супервизија за осигурување-АСО (друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурување) и Државен пазарен инспекторат-ДПИ (измамни реклами на финансиски производи и услуги за сите финансиски институции), велат од Органзиацијата на потрошувачи.