Околу 800 семејства и 2. 000 фирми први да бидат обештетени од стечајната маса на Еуростандард банка. Овој предлог го дале престваниците на оштетените граѓани на состанокот со премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи. Од Владата побарале што е можно поскоро да им се помогне, затоа што за брзо време сите тие граѓани и фирми ќе се соочат со поголеми проблеми.
Од владата ветуваат решавање на проблемот. И од здружението Ануитети се согласуваат граѓаните први да бидат обештетени, а фондот за осигурување на депозити последен да ги добие парите. Предлагаат во стечајниот рпоцес да бидат вклучени независни експерти.