Иницијативниот одбор на здружението на оштетени штедачи од еуростандард банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од еуростандард банка – физички и правни лица.

Оштетените штедачи бараат итно носење законско решение со кое државата ќе ги преземе побарувањата на физичките и правни лица депоненти во еуростандард банка и во целост парично ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.