Комерцијална банка го збогати портфолиото на услуги што ги нуди со продажба на осигурителни полиси за население.

Намалете ги трошоците и добијте комплетна услуга за неживотно осигурување преку мрежата на Комерцијална банка со истите, цени, услови и попусти како во осигурителните компании.

Отсега, со само една посета на Комерцијална банка може да ги добиете полисите обезбедени од Осигурување Македонија АД Скопје – ВИГ и од Триглав осигурување АД Скопје.

Осигурување Македонија АД Скопје – Виена Иншуренс Груп:

  • Хипотекарна полиса за осигурување на домаќинство, за корисниците на станбен кредит во Комерцијална банка, која трае до исплата на  кредитот и има специјална цена
  • Домаќинско осигурување (годишни полиси за клиенти кои сакаат пошироко покритие од хипотекарната полиса)

Триглав осигурување АД Скопје:

  • Здравствено патничко осигурување
  • Каско осигурување
  • Авто одговорност
  • Зелена карта

Зошто сте во предност доколку купите осигурителна полиса преку Комерцијална банка?

Затоа што добивате сѐ на едно место – банкарски производ или услуга, осигурителна полиса со иста цена и поволности како во осигурителното друштво, можност за плаќање на рати и помош од вработените во Банката за избор на полиса согласно вашите потреби.

Комерцијална банка со новата услуга на клиентите им овозможува заштеда на време и пари.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.