Осигурителните компании се разочарани од одлуката на непрофесионалните квалификации на регулаторот АСО, а врз основа на која Комисијата ја намали цената на автоодговорноста, односно ја врати старата, помала цена.
„Денешната одлука на Комисијата за АО при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на ЕК во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците“, стои во соопштението.
Најпрво поскапи осигурителната полиса за автоодговорност, но после реакцијата, Комисијата за автомобилска одговорност донесе препорака до владата на враќање на старата цена, која беше усвоена на последната седница.