Во САД е уапсен Џо Монтрол познак како Укијо кој е основач на биткоин берзата за размена на вредности Bitfunder која веќе подолго време не функционира и беше затворена поради сомнеж за измама на корисниците без осигурани тргувања.
Монтрол е одведен пред суд по обемна истрага предводена од Департманот за правда на САД, ФБИ како и Комисијата за супервизија и осигурување на тргувањето.
Тој ќе се соочи со кривично обвинение за измама на корисниците и неовластено тргување без соодветни дозволи и гаранции и прикажување на лажна состојба..
Самата Комисија води против него цивилна постапка за нарушување на правилата на тргување на берза со секјуритизација користејќи ги биткоините како мамка за инвеститорите.
BitFunder беше помошна страна на подоцна формираната WeExchange платформа за криптовалути која беше напдната од хакери кои украдоа 6000 биткоини на корисниците. Кога Монтрол не можел да го реши проблемот со хакерите недостигот на биткоини привремено го покрил со сопствената залиха на криптовалутата, но за тоа прикажал лажни документи пред Комисијата.