Клаус Шваб, основачот на Светскиот економски форум (СЕФ), ќе поднесе оставка од функцијата извршен претседател, пишува Фајненшл тајмс. 86-годишникот помина повеќе од половина век на чело на познатата светска деловна конференција.
Шваб претседаваше со годишниот собир во швајцарскиот ски-центар Давос откако го основаше во 1971 година, претворајќи го во исклучително профитабилно претпријатие, во сопственост на добротворна фондација, со годишни приходи од 500 милиони евра. Според најавата, Шваб треба да се пензионира во јануари следната година.