Германскиот министер за економија Роберт Хабек втор пат за кусо време реагира поради откажувањето на рускиот гас и гепот додека не се најдат алтернативни извори од овој реагенс.
„Откажувањето на гасот од Русија може да доведе до прекин на греењето во Германија следната зима. Доколку се прекине снабдувањето од Русија и не се појават нови извори, тогаш Германија нема да може да ги загрее куќите и да ја обезбеди потребната енергија за индустријата, изјави Хабек.
Приоритет за Германија е да најде нови снабдувачи со гас и да ја направи земјата независна во таа смисла во однос на Русија. Повеќе од половина од вкупното количество увезен гас во Германија доаѓа од Русија, наведува германското министерство за екмономија и поради тоа ќе било речиси невозможно да се покрие таков дефицит во блиска иднина.