Пред стартот на новата бербена сезона во Преспа откупувачите на јаболка загрижени за пласманот на јаболката, со апел до владините институции и овоштарите.

Очекуваме од Владата да не побараат за информации дали ќе откупуваме, колкави количини или зошто нема да откупуваме. Состојбата воопшто не е добра, особено со покачувањето на струјата не знам дали ќе можеме да издржиме да го складираме јаболкото и дали после со ваква висока давачка ќе се исплати да го пласираме. Ова особено важи за Русија која може дополнително да стави ембарго за нашата држава и тогаш веќе ќе ни нема спас. Се надевам дека оваа песимистичка прогноза нема да се реализира, но мислам дека за ова не се свесни ни овоштарите, инаку како да се објасни оваа незаинтересираност од сите. Ќе ни отиде јаболкото за Ирак од 3 денари до 6 денари, затоа да не нудат многу големи дневници за берба, да не биде неисплатливо – изјави Агрон Реџепи од Матрикс Груп.

Реџепи додава дека побарале од МЗШВ да организира средба со откупувачите на оваа тема поради сериозност на состојбата бидејќи со оваа цена на струјата до април само таа ставка ќе биде 0,20 евро центи по килограм.