Унгарската ОТП банка во средата објави дека заедно со нејзината единица “Експресбанк” се согласиле да продадат 100% од осигурителната компанија Express Life Bulgaria Groupa Zhivotozastrahovane, единица на групацијата Groupе.

“Финансиското затворање на трансакцијата се очекува во наредните месеци, со преземање на сите потребни регулаторни одобренија”, се вели во соопштението на ОТП банката.

ОТП не даде дополнителни детали.

Експресбанк беше преименувана во “Сосиете женерал Експресбанк”, откако ДСК банка – единица на ОТП  заврши со купувањето од француската “Сосиете женерал груп”. Покрај Експресбанк, ДСК доби индиректна контрола врз акциите на Societe Generale Factoring, Sogelease Bulgaria и Регионалниот фонд за урбан развој, како и директна контрола над осигурителната компанија “Sogelife Bulgaria”.

ОТП Банка е присутна во Бугарија од 2003 година.