OTP банка го заврши финансиското преземање на молдавската банка Mobiasbanca – Groupe Société Générale, се вели во соопштението на компанијата.
Со стекнат удел од 96,69%, унгарската банка стана сопственик на молдавскиот член на Société Générale Group – MBSG.
Со пазарен удел од 13,8 отсто, МБСГ е четврта по големина банка на молдавскиот пазар, со универзална понуда на финансиски услуги во бизнисот со граѓаните и правните лица.
Со ова преземање, ОТП Групацијата работи на единаесет пазари во Централна и Источна Европа, како и со неодамнешното потпишување на договор за стекнување во Словенија, го проширува своето работење на дванаесет земји.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк