Унгарската ОТП Групација започна разговори за аквизиција на романската единица Гаранти ББВА, јави романскиот Профит.ро, повикувајќи се на повеќе извори.

Банка Гаранти е десетта најголема банка во Романија.

Главниот извршен директор и претседател на ОТП, Синдор Цињи, изјави претходно оваа година дека ОТП е заинтересиран да купи повеќе банки.

Сандор Цињи исто така рече дека ОТП, кој работи со банки во 12 европски земји, планира да се прошири во нови земји и евентуално надвор од Европа.

Гаранти ББВА Романија е во сопственост на Гаранти ББВА Турција. Шпанската финансиска група Банко Билбао Визкаја Аргентина (BBVA) е мнозински акционер на Гаранти ББВА Турција, според официјалната веб-страница на романската банка.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк