Во присуство на голем број на гости, вработени и клиенти, Прокредит банката свечено го отвори новиот бизнис центар во Битола на нова, атрактивна локација на улицата Тодор Скаловски бр.8.
Новиот модерен бизнис центар со својот проширен тим од 10 банкарски советници нуди дополнителни можности и подобрено искуство за сите бизнис клиенти и физички лица кои имаат потреба од комплетни банкарски услуги, како од аспект на платен промет, така и во делот на кредитирање.
На свечениот коктел свое обраќање имаа Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор на Прокредит банка, и Љубин Наумовски, директор на филијалата за мали и средни претпријатија.
„Ни претставува особена чест што во годината кога Прокредит банка одбележува јубилеј од 20 години, го славиме и отворањето на нашиот нов бизнис центар во Битола кој нуди дополнителни функционалности и уште подобро искуство на сите физички и правни лица кои преферираат модерни, флексибилни, дигитални услуги. Битола и регионот имаат голем економски потенцијал, а нашата експертиза во мали и агро бизниси носи дополнителни бенефити за оваа значајна индустрија во пелагонискиот регион. Прокредит банка е докажан и сигурен партнер кој ќе продолжи долгорочно да го поддржува развојот на економијата во целата земја, а со тоа и активно ќе придонесе кон градење подобра и одржлива иднина”, изјави Стевче Кузмановски.
„На Битола сме ѝ добро познати веќе 20 години, за тоа зборува и бројот на клиенти од регионот со кои долги години градиме партнерства. Иако сме препознатливи како дигитална банка, со нашето физичко присуство и надвор од главниот град сакаме да ја потенцираме важноста за развој на економијата децентрализирано. За таа цел, го отворивме проширениот бизнис центар со желба да бидеме поблиску до клиентите, каде преку личниот пристап на нашите банкарски советници ќе понудиме уште повисоко ниво на професионална услуга”, изјави Љубин Наумовски.
На новата локација клиентите имаат пристап до сите дигитални услуги во модерната 24/7 зона, опремена со современи банкомати, можности за внесување на дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра.
Прокредит банка е водечка финансиска институција посветена на обезбедување професионални и дигитални банкарски услуги за своите клиенти веќе 20 години.
Комерцијален текст