Педесеттиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од Сао Паоло и солисти од Кина, Јапонија, Јужна Африка, Бразил и Италија.
– Отсекогаш сте имале визија како да се изгради подобра иднина за Европа и светот. Вие бевте меѓу првите кои ја доведовте во прашање зависноста на Европа од фосилни горива и повикате на поодржлив економски развој – рече претседателката на Европската комисија.
Во чест на 50-годишнината, Светскиот економски форум го издаде Манифестот Давос, збир на етички принципи за водење компании за време на Четвртата индустриска револуција.
На годинешниот Форум, што завршува в петок, 24 јануари, се очекуваат вкупно 3.000 бизнисмени, политичари и други функционери од 118 земји. Меѓу 53-те шефови на држави или влади чие присуство е најавено се претседателите на САД, Ирак, Доналд Тармп, Брахам Салих, германската канцеларка Ангела Меркел, стотици директори на компании, банкари и активисти на граѓанското општество, меѓу нив активистката за животна средина Грета Тунберг од Шведска.
Вебстраницата „Давос-Клостерс“ на Светскиот економски форум наведува дека е „најважната креативна сила за ангажирање на водечки светски лидери во соработка активности за обликување на глобални, регионални и индустриски програми на почетокот на секоја година“.