Можеби, како и многумина, сонувате да имате пари без да работите, или да се повлечете предвреме со милиони на вашата сметка, но тој план не е баш прекрасен како што звучи.
Луѓето сакаат да заработат пари, по можност на полесен и побрз начин, без да работат цел живот. Затоа, некои се свртуваат кон поризични средства како што се криптовалути. Планот за пензионирање на сите е различен: некој би работел цел живот, некој не.
Пандемијата донесе дополнителни проблеми и потреба за заштеда и планирање, потоа бранови на отпуштања и преквалификации, но добрата вест е дека секогаш ќе има работа: нови занимања ќе се појават или постојните ќе дојдат до израз.
Сè на сè, без разлика колку пари имате во банка, според Блумберг, односно искуство на еден колумнист – предвремено пензионирање е веројатно најголемата финансиска грешка што можете да ја направите во текот на животот.
Предвременото пензионирање, всушност, откри сериозна нееднаквост во САД. Покрај тоа, кога станува збор за чувството на лична сатисфакција, еден милионер кој се пензионирал на 34-годишна возраст, за Си-Ен-Би-Си изјави дека е мит дека ќе бидете посреќни ако предвремено се пензионирате.
Како и многу нови, светли работи во животот – и таа возбуда згаснува. Му беа потребни две години да се ослободи од сомнежите и прашањата дали донел правилна одлука.
Иако можете да уживате во многу активности што ги сакате, факт е дека луѓето кои рано се пензионираат честопати се наоѓаат во „вакуум“. Парите се трошат, и без оглед на тоа, повеќето луѓе работат, забавата 24/7 наскоро го губи своето значење, а луѓето чувствуваат потреба повторно да се чувствуваат корисно.