Најсреќните 15 граѓани кои од први до 31 март годинава скенирале фискални сметки, добија по 100.000 денари.

Ова се добитниците:

1. Ванче Василески – Тетово, 2. Катерина Апостолова – Богданци, 3. Зорица Илиев – Скопје, 4. Весна Макашевска – Скопје, 5. Дејан Ѓошев – Скопје. 6.Славко Јанковски – Струмица, 7. Љика Митева – Струмица, 8.Фадил Угљанин – Прилеп, 9. Селја Хаџи – Скопје, 10. Војче Мирчески – Скопје.

11. Благој Тунџов – Штип, 12. Фарук Ајрулаху – Скопје, 13. Виктор Устијаноски – Охрид, 14. Мише Милановски – Пробиштип и 15. Деан Андреевски – Прилеп.

СЕ ЗАОКРУЖИ ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД МОЈДДВ

Управата за јавни приходи известува дека на 31 март 2020 година го заокружи третото тримесечје од МојДДВ.

За месеците јануари, февруари и март 2020 година на граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 343,803,953 денари или 5,590,000 ЕУР. Во овој период скенирани се вкупно 49,946,278 фискални сметки, остварен е промет од 21,957,355,689 денари, со вкупен ДДВ 2,292,026,352 денари.

Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.