Во јуни година најголемата плата е исплатена во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 72.694 денари. Податоците ги објави Државниот завод за статистика.
Понатаму следи секторот Воздухопловен транспорт – 64.764 денари, а зад нив се вработените од Финансиско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 49.100 денари, па Производство на останата опрема за транспорт – 47.625 денари и Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 46.387 денари.
Во јуни просечната плата во Македонија изнесувала 28.744 денари.
Како што објави Државниот завод за статистика, просечната бруто плата била 42.950 денари. Просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни лани, а бруто платата е повисока за 7,1 отсто.