Годинава од прометот од патарините низ земјава се остварени 16 милиони денари повеќе од истиот период лани, односно околу 260.000 евра. Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи истакна дека минатата година постоеле овие пари, само не завршувале во државната каса.

-Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во Јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251денари, споредено со истиот период лани. Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места. Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа. Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот, стои во објавата на Мицкоски.