На 31 март 2022 година (четврток), со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска ќе се одржи 42. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка.
„Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?” од Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети Бафтијари.
По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.
Народната банка објави повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 30 март 2022 година (среда).
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.