На почетокот на 2019 година, долгот на САД и јавниот долг вкупно изнесуваше 70 трилиони долари. Од оваа сума 9 трилиони долг припаѓаат на најголемите американски компании.
Онлајн платформата How Much дава информации за тоа колкав е долгот на најголемите американски компании.
Најголем долгорочниот долг има АТ & Т групата, коај минатата година го купи Тіmе Wаrnеr. Вкупната изложеност на компанијата изнесуваше 166,3 милијарди долари.
Втората и третата најзадолжени компании се : Соmсаѕt и Vеrіzоn, со вкупен долг од 107,3 и 105,9 милијарди долари, респективно.
Вкупните кредити и задолжување растат 17-ти квартал по ред од надминувањето на Големата Економска Криза од 2008 година.
Во топ 5 најзадолжени компании влегуваат и еден автомобилски производител и еден индустриски лидер. Тоа се Ford Motors и Gеnеrаl Еlесtrіс, кои имаат соодветен долг од 100,7 и 95,2 милијарди долари.
Најголеми „должници“ во технолошкиот сектор се Apple, Microsoft и Oracle со респективно : 93,7 милијарди долари, 72,2 милијарди долари и 51,7 милијарди долари.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк