Најниска минимална плата во земјите од регионот добиваат вработените во Македонија, 203 евра.

Според најновите расположливи податоци, минимум плата во Босна и Херцеговина е 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора неодамна се зголеми на 222 евра.

Во Србија, најниската плата во моментов е околу 230 евра, но се очекува да се зголеми за 11 проценти следната година, така што ќе се искачи на 255 евра од 1 јануари.

Поранешните југословенски републики кои добија членство во ЕУ, како Хрватска и Словенија, имаат значително повисоки минимални плати.

Хрватските работници на тој начин можат да заработат најмалку 405 евра месечно, додека во Словенија минималната плата далеку ја надминува просечната плата во повеќето земји во регионот со 667 евра.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк