Хонг Конг беше рангиран на првото место на листата од 209 најскапи градови за живеење во 2019 година, според последното истражување на консултантската фирма „Мерсер“.
Меѓу првите десет градови, седум се од Азија. Од друга страна, најскапиот европски град е Цирих, Швајцарија, кој се најде на петтото место, а следат Берн на 12, Женева, Копенхаген на 20 и Лондон, кој се најде на 23-то место на списокот.
Од градовите во регионот, Љубљана се најде на 142-то место, Белград се најде на 181-то место, Сараево се рангираше на 194-та и Загреб на 143-та.
Покрај стандардот на живеење, консултантската компанија ги спореди и трошоците за вечера надвор за двајца, што вклучува трошоци за такси, вечера и филмови.
За своето годишно истражување, Мерсер ги истражуваше трошоците за 200 артикли на секоја локација, како што се сместување, превоз, облека, храна и забава, споредувајќи ги секојдневните цени за производи како што се храна, фармерки, литри вода, кафе, литри бензин и млеко.
Топ 10 најскапи градови за живеење во:
1. Хонг Конг, Хонг Конг (САР)
2. Токио, Јапонија
3. Сингапур, Сингапур
4. Сеул, Јужна Кореја
5. Цирих, Швајцарија
6. Шангај, Кина
7. Ашгабат, Туркменистан
8. Пекинг, Кина
9. Њујорк, САД
10. Шенжен, Кина
Топ 10 најевтини градови за живеење во светот:
1. Тунис, Тунис
2. Ташкент, Узбекистан
3. Карачи, Пакистан
4. Бишкек, Киргистан
5. Банџул, Гамбија
6. Виндхоек, Намибија
7. Исламабад, Пакистан
8. Тбилиси, Грузија
9. Скопје, Македонија
10. Манагуа, Никарагва
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк