Во Франција, стапката на невработеност нагло се намали во четвртиот квартал лани. Таа падна за 0,6 поени, на 7,4 отсто од работоспособното население.

Ова се бројките кои денеска ги објави Националниот институт за статистички и економски студии, јави дописникот на МИА од Париз.

Бројот на невработени, како што е дефинирано од Меѓународната канцеларија за труд, на крајот на 2021 година изнесуваше 2,2 милиони луѓе.

Сега тој број  е за 0,8 поени понизок од нивото пред пандемијата (крајот на 2019 година), „и на најниско ниво од 2008 година, ако се исклучи еднократниот пад во пролетта 2020 година, поврзан со здравствената криза“, забележува Националниот институт за статистика.  Во еврозоната економијата забавува.