Вредноста на биткоинот денеска во 15 часот и 45 минути падна за 0,44 отсто на 94.125,84 евра на најголемата светска берза за криптовалути Бајненс.

Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 63,61 милијарди евра, што претставува пад во однос на високите вредности на крајот од минатата недела.

Индексот на страв и алчност за биткоинот денеска е на ниво од 78 во категоријата „екстремна алчност“, што покажува дека расположението на инвеститорите е многу добро и дека веруваат во натамошниот раст на цената на Биткоинот.