Градежната компанија „Бетон“ од Скопје во 2017 година остварила добивка во висина од 32.975.313 денари. И покрај позитивното финансиско работење, остварениот профит е за повеќе од двојно помал во однос на 2016 година, кога е остварена добивка од 88.364.000 денари. „Бетон“ лани забележал вкупни проходи во износ од 2.178.955.149 денари, кои во споредба со остварените приходи во 2016 година се помали за 27,26%.

 

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од основна дејност, остварени од изградба на градежни објекти на домашен пазар.

 

Остварените вкупни расходи во периодот јануари – декември 2017 година изнесувале 2.145.689.807 денари и во споредба со расходите од 2017 година се намалени за 26%. Скопски „Бетон“ минатата година за инвестиции во основни средства издвоил 197.639.151 денари.