На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на другите валути значително опадна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 89,97 поени, додека вчера во ова време тој беше 90,56 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали од вчерашните 104,25 на 103,60 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,2210 долари, додека вчера во ова време беше 1,2150 долари.