Активностите во индустријата на еврозоната опаднаа повторно во октомври, предизвикани од постојаната слаба побарувачка која негативно ја погодува Унијата поради трговската војна меѓу САД и Кина и континуираната неизвесност околу излегувањето на Велика Британија од Европската унија, покажа истражувањето на лондонскиот „Маркит“ во понеделникот.
Индустрискиот PMI индекс во еврозоната застана на 45,9 поени во октомври и беше нешто малку над најниското ниво во септември за седум години, со разлика од 45,7 поени, открива „Маркит“.
Така, за деветти месец по ред, тој остана под нивото од 50 поени, што укажува на пад на активноста.
„Индустријата на еврозоната повторно го забележа својот најсилен пад во октомври за седум години, што значи дека производниот сектор најверојатно ќе биде сериозен товар за бруто-домашниот производ во четвртиот квартал“, забележува главната економист на IHS, Маркита Кирс Вилијамсон.
Падот на новите нарачки повторно беше најголемата сопирачка во секторот производство, како одраз на слабата побарувачка, истакна Маркит.
„Геополитичките загрижености, почнувајќи од Брексит до трговската политика на САД, продолжуваат да создаваат чувство на неизвесност, дополнително да ја намалат побарувачката и на домашниот и на извозниот пазар“, рече Вилијамсон.
Вработувањето е на најниско ниво од октомври 2013 година, кога „Маркит“ започна да објавува извештаи. Најголем пад е забележан во Германија.
Токму индустријата на најголемата економија во Европа во октомври беше главниот извор на слабост во регионот, иако пад на активноста е забележан и во шпанската и во италијанската индустрија.
Франција е единствената голема економија чија индустрија бележи скромен раст на активностите минатиот месец.
„Остриот пад на активноста, како и слабите трендови во вработеноста и цените, се особено разочарување кога се смета дека ЕЦБ неодамна воведе мерки за стимулирање“, забележува главниот економист Маркита.
Кристин Лагард го презема раководството во ЕЦБ во особено тешко време за економијата на еврозоната, заклучува тој.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк