Вредноста на фунтата утрово на Лондонската берза е намалена за повеќе од 1,0 отсто во однос на доларот и еврото, а цените на акциите се намалуваат по информациите за оставки на британски министри поради нацрт-договорот за Brexit.
Британската валута на многу волатилното тргување падна за еден процент во однос на доларот, на 1,2839 долари и за 1,3 отсто во однос на еврото, на 88,23 пени.
Сепак, падот на фунтата помогна индексот на Лондонската берза ФТСЕ 100, која главно се однесува на извозниците, да зајакне за 0,3 отсто.
Оставките во британската Влада се одразија и на цените на акциите и деловните сектори во Велика Британија, кои инаку се чувствителни на настаните околу Брегзит.
Вредноста на акциите на градежните и малопродажните компании и домашните банки длабоко потона, при што индексот на Лондонската берза ФТСЕ 250 падна за 1,0 процент при рано тргување.