Минатата година, бројот на трансакции за продажба на станбени недвижности е намален во 13 од 16-те земји-членки на ЕУ за кои Европската статистичка служба Евростат имала податоци.
Во споредба од година во година најголем пад забележа Луксембург, а најголем пораст Кипар. Еден од најголемите падови забележа и Словенија, каде што бројот на трансакции се намали за една петтина.

Минатата година беше втора година по ред во која е забележан пад на бројот на продажби на станбен имот во повеќето земји-членки на ЕУ. Во 2022 година е забележан пад во 10 земји-членки.

Според податоците на Евростат, лани најголемо намалување на бројот на вакви трансакции на годишно ниво имало во Луксембург, за 43,3 отсто. Потоа следуваат Австрија (-26,4 отсто), Унгарија и Финска (-24,5 отсто) и Франција (-21,5 отсто).

Веднаш зад Франција е Словенија, каде минатата година бројот на трансакции за продажба на станбен имот е намален за 20 отсто.

Од друга страна, најголем пораст на бројот на трансакции е забележан во Кипар, растот е 31%. Раст е забележан и во Полска (+3,9 отсто) и Ирска (+0,6 отсто).