Вредноста на биткоинот се намали под 7.000 долари и во моментов се тргува за околу 6.720 долари. Ова е пад од околу 13%, a пазарната капитализација на главнaтa крипто-валута падна на 42 милијарди долари. Во споредба со почетокот на оваа година, падот на биткоинот е за околу 53%.
Сличен е случајот и со другите крипто-валути. Нивниот пад е околу 10%. Затоа целиот пазар на дигитални валути се намали на 298 милијарди долари. Во јануари, тој беше на ниво од 830 милијарди долари.