Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа на околу 75 долари за барел пред состанокот на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) во Виена, а Саудиска Арабија и Русија веќе навестија дека се спремни да го зголемат производството.
На лондонскиот пазар цената за барел сирова нафта падна за 82 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 75,12 долари. на американскиот пазар со барел се тргуваше по 36 центи пониска цена, од 66,53 долари.
Пазарот е фокусиран на поголемото американско производство и назнаките дека ОПЕК, Русија и другите големи произведувачи се спремни да го зголемат производството на состанокот во Виена на 22 и 23 јуни.