За разлика од предхониот месец кога цените на нафтата или “црното злато” растеа, овој месец имаме скоро 11 отсто пад на цените од највисоката цена која беше достигната во месец јануари.

 

 

Цените на нафтата  на Светските пазари минатата недела паднаа за повеќе од осум отсто, што е најниско ниво од декември и е последица од порастот на производството во САД, јакнењето на доларот и остриот пад на индексите на светските берзи.

На некои берзи како што е Лондонската берза цената на барел нафта минатата недела падна за 8,5 отсто, на 62,80 долари, што е најниско ниво од 13 декември. А додека на  Њујоршката берза, пак, еден барел нафта поевтини за 9,5 отсто, на 59,20 долари, што е најниско ниво од 22 декември.

Остриот пад на вредноста на акциите на светските берзи, предизвикан од стравувањето на инвеститорите од порастот на инфлацијата и каматните стапки, всушност се една од причините  за пад на цените на нафтата.

Затоа на Волстрит цените на акциите минатата недела паднаа повеќе од пет проценти, што ги потресе и другите најголеми светски берзи. Поради тоа спласна и склоноста на инвеститорите кон ризик, што негативно се одрази и на пазарот на суровини.