Европските и американските берзански индекси денеска се главно во пад, како и цените на нафтата и златото.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.589,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.255,18 поени, францускиот CAC 40 на 7.522,74 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.544,04 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 69.666 долари, а на нафтата „брент“ на 73.188 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36,9 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.486,25 долари за унца, а цената на пченицата порасна на 5,5160 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10529, што е приближно исто како во вторникот, пренесува Танјуг.