Цените на криптовалутите денеска забележаа остар пад, при што биткоинот достигна најниско ниво во последните три недели, а етереумот падна на најслабата вредност од септември, додека загриженоста за можен глобален трговски конфликт ги турка инвеститорите кон помалку ризични вложувања.

На азиските пазари во денеска наутро, биткоинот падна на 94.476 долари, а во еден момент достигна тринеделен минимум од 91.441 долари. Етереумот загуби околу 24% од својата вредност, спуштајќи се на 2.494,33 долари.

Овој пад доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп за време на викендот воведе царини од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада и 10 проценти за производи од Кина, мерки што стапуваат во сила од утре.

Канада и Мексико веднаш најавија контрамерки, а Кина соопшти дека ќе ги оспори американските царини пред Светската трговска организација.