(Време за читање 5 минути)

Пред околу една недела, еден драг мој пријател, кој исто така е крипто ентузијаст, но тој повеќе сака да купува и продава криптовалути или просто да тргува со нив, ми испрати порака: Што се случува со нашите монети? Нивната цена многу опадна. Но сепак ќе купам уште монети. Неговата порака ме изнасмеа. Од сите монети него најповеќе му се допаѓа Лајткоин. Значи, тој постојано купува и продава. Навистина ми се допаѓа фактот дека тој не паничи многу за намалувањето на цената. Пред неколку месеци разговаравме и му објаснив колку ризичен овој тип на инвестицја може да биде. И секогаш да биде претпазлив. Да  ​​ја инвестира онаа сума на пари што е подготвен да ја изгуби. И во овој момент да не се надева премногу. Бидејќи монетите сè уште не се регулирани, тие се нестабилни и многу шпекулативни.

Тој веднаш го сфати концептот и ми рече: Види вака, сигурно е подобро од обложување во спортски натпревари. И двајцата се изнасмеавме. Многу луѓе ги инвестираат своите последни заштеди во крипто валутите со надеж дека ќе се збогатат. Што е многу тешко да се случи. Или тие не се доволно информирани, или тие биле заведени од страна на друго лице.

 

Како што секогаш предлагам во моите статии за криптовалутите, доколку се одлучите да тргувате со криптовалутите не инвестирајте веднаш голема сума на пари. Започнете со мала сума, а потоа купете и продадете сè додека не видите некој профит. Ако ги следите крипто валутите  и Биткоинот редовно, ќе видите дека цените постојано се движат нагоре и надолу. Цело време. Да, најдобрите месеци за Биткоин беа минатата година, ноември и декември кога цената се движеше од 10.000 до 20.000 долари, а тоа повторно да се случи во блиска иднина е многу тешко. Според тоа како работите стојат во моментов.

Како и да е, да се вратиме на нашата денешна статија и да видиме што го предизвика последното паѓање на цената на Биткоин и другите Алткоини. Секогаш постојат некои фактори кои го предизвикуваат ова. Ако ја прочитате една од моите поранешни статии за Растот на Биткоин ќе видите колку многу различни фактори предизвикаа цената да се намали. Ајде да погледнеме на неодамнешното намалување на цената.

Прв фактор

Цената на Биткоинот беше изманипулирана од страна на Tether USDT (друга монета). Ова тврдење е според новото истражување на финансиските експерти на Универзитетот во Тексас, Џон Грифин и Амин Шамс. Тие напишале извештај од 66 страници насловен како (дали Биткоин навистина е под влијание на Tether?). Тие тврдат дека Тетер, што е (стабилна монета), наводно е поддржан од американскиот долар во сооднос 1:1 и постојано се користи за да обезбеди ценовна поддршка за Биткоинот за време на кризи на пазарот.

Генерално, тие дознале дека Tether има значително влијание врз пазарот на криптовалутите. Се чини дека Tether се користи и за стабилизирање и за манипулирање со цените на Биткоин (пишуваат истражувањата). Како доказ Грифин и Шамс забележуваат дека има тенденција за негативен притисок врз Биткоинот на крајот од месецот кога голем број на Тетер монети се издаваат, но не е случај и во другите месеци. Бидејќи менувачниците имаат потешкотии да најдат банкарски партнери и да постигнат регулаторна усогласеност која е неопходна за да понудат тргувања меѓу девизи и криптовалути, голем број на Алткоин менувачници го користат Tether за физички УСД (долари).

Ова е еден од факторите кој предизвикува биткоин цената да се намали.

Втор фактор

Кога цената на Биткоин го постигна својот врв во декември, речиси 20.000 долари , а потоа падна на 6000 долари многу стручњаци ги обвинаа новите инвеститори. Но, новите истражувања од страна на блокчејн фирмата (Chainalysis) сугерираат дека тоа било поради  долгорочните инвеститори кои ги чуваа своите Биткоини за во иднина и наеднаш почнаа да ги продаваат кога цената започна да опаѓа, што резултираше со продажба на околу 30 милијарди долари вредност на Биткоини во периодот од декември 2017 година и април 2018 година.  Оваа фирма напиша: ‘’Ова беше продажба без преседан и повторно да се случи таква продажба е мала веројатноста да се повтори наскоро “. И затоа цената сè уште е нестабилна . Многу нови инвеститори купуваат и продаваат, а голем дел од старите инвеститори сеуште ги продаваат монетите што ги држат со години.

Трет фактор

Поголемиот дел од трговците и аналитичарите го оправдааа краткорочниот пад на цените на Биткоин поради хакирањето на менувачницата Coinrail во Јужна Кореја, што доведе до загуба од 40 милиони долари. Coinrail е малопродажна менувачница на криптовалути во Јужна Кореја, со која се користат мал дел од инвеститорите во земјата. Многу трговци ги користат големите три менувачници како Bithumb , UPbit и Korbit, бидејќи тие се посигурни од помалите менувачници. Ние не можеме да го обвиниме само Coinrail за неодамнешниот пад на цените на Биткоин до скоро 10% за 2 дена, едноставно затоа што Coinrail има само 5% од обемот што доаѓа од Јужна Кореја. Како и да е, сепак тоа е еден од факторите кои предизвикаа цената на Биткоинот да се намали.

Ова се некои од главните фактори, кои ја намалија цената на Биткоин во последните две недели и други шпекулации за Биткоин. Сепак, хакирањето на Coinrail нема да има значителни последици на подолг рок. Крипто индустрија веќе има доживеано многу поголеми хакирања, а тоа не го менува патот на кој што се движи оваа индустрија.

На долгорочен рок Биткоин цената најверојатно ќе биде повисока со доаѓањето на институционални инвестиции во овој простор, но тоа никогаш нема да се случи се додека пазарот биде постабилен и порегулиран, а со тоа и цената на Биткоинт ќе се зголеми природно. Колку време ќе помине додека се случи ова? Не можеме точно да кажеме. Сè што треба да направиме е да почекаме и да играме безбедно Да не вложувате пари што не сте спремни да ги изгубите.

Значи, зошто кога цената на Биткоинот опаѓа, секогаш влијае и на другите Алткоини?

Одговорот на тоа прашање ќе го дознаете во следната статија.

Дотогаш : ОСТАНЕТЕ БЕЗБЕДНИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТО

Ви благодарам што читавте

Регистрирајте се на мојот блог   http://darkoonlinetips.blogspot.com/

Следете ме на Фејсбук                  http://bit.ly/2zDUBpp