Во организација на Европското движење во Република Македонија (ЕММК), денес во Охрид ќе се одржи панел дискусија чија цел е приближување на Претпристапните преговори за членство во Европската унија кон граѓаните.
– Имајќи предвид дека Република Македонија е во финална фаза од подготовките за отпочнување на претпристапните преговори би сакале да ги споделиме резултатите од нашите досегашни истражувања со граѓаните на Општина Охрид и Југозападниот плански регион. Со оглед на сознанието за посебната улога на туризмот и културното наследство во овој Регион дискусијата ќе биде насочена во правец на идентификување на развојните фактори и на овој значаен сегмент од Поглавјето 26 на претпристапние преговори. Исто така, посебна цел дискусијата е афирмацијата на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти, граѓанските здруженија и другите релевантни чинители во развојните процеси. Очекуваме јавна и отворена дебата која ќе даде значаен придонес во поставувањето на виталните прашања во преземање на нови инцијативи за приближување кон Европската унија, информираат организаторите.
Панел дискусијата која ќе започне во 12:00 часот во хотелот City Palace е дел од активностите на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата“. Овој проект е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми, а е спроведуван од: Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД).