Во  организација на Меѓународната невладина организација „Македонија 2025″ денеска во „Double Tree by Hilton” во Скопје ќе биде одржана панел-дискусија насловена „Жени-претприемачи и канадски експерти: Менторство, развој и одржливост”.

На настанот присутните ќе дискутираат за искуствата и најдобрите практики поврзани со женското претприемништво во Канада и Македонија, најголемите предизвици со кои се соочуваат

македонските жени-претприемачи, но и за нивната соработка со назначените ментори од Канадската организација за извршни услуги -„CESO SACO” ,во насока на засилени организациски капацитети и поголема самоодржливост, соопштија организаторите.

Најавено е присуство на Џенифер Лавуа, амбасадорката на Канада во Македонија, Србија и Црна Гора.

 

Извор : МИА