„Како до праведно оданочување“ е насловот на панел дискусијата, што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Асоцијацијата на економски истражувачи. Панелисти на настанот се Славко Лазовски, експерт за даночни прашања од Центарот за даночна политика, Билјана Дуковска од Македонска платформа против сиромаштија, Оливер Митов од Центарот за правни истражувања и анализи и Бојана М. Христовска од Аналитика.

 

 

 

Најавените можни промени во даночниот систем на Македонија изминатиот период се предмет на јавна дебата од страна на повеќе засегнати страни. Креаторите на економските политики во земјава новите даночни политики ги правдаат со потребата да се намали јазот меѓу богатите и сиромашните, бизнисмените и менаџерите тврдат дека со тоа ќе се казнат успешните, додека поранешни министри за финансии велат дека во јавноста ги слушаме само богатите, кои се противат на промените, затоа што си ги штитат интересите, велат организаторите на овој настан.

На оваа трибина, неколку граѓански организации од областа на економијата, даноците и социјалната правда, ќе дадат свое видување за тоа како да се дојде до праведна даночна политика.