Папата Франциск повика на „строго“ регулирање на финансиските пазари со цел да се постигне „поинаква, поправедна, инклузивна и одржлива економија“.

“Додека реалната економија, онаа што создава работа, е во криза, толку многу луѓе се без работа! Финансиските пазари никогаш не биле толку хипертрофирани како што се сега”, рече папата Франциск во видео пораката на тема “Светот на финансиите” ”

Папата оцени дека „финансиите, доколку не се регулираат, стануваат чиста шпекулација водена од монетарната политика“.

“Оваа ситуација е неодржлива. Опасна е. Со цел да се спречат сиромашните повторно да плаќаат за последиците, финансиските шпекулации мора строго да се регулираат”, додаде тој.

“Има уште време да се започне процесот на глобални промени, со цел да се примени во пракса економија која е поинаква, поправедна, поинклузивна, одржлива и никој не остава зад себе. Ајде да го сториме тоа”, рече Папата, изразувајќи надеж дека „финансиските службеници соработуваат со владите во регулирање на финансиските пазари и заштита на граѓаните во опасност“.

Папата постојано повикуваше на поинаков економски модел, поповолен за сиромашните.