Производителите на житни култури кои сакаат да ги складираат и веднаш да не ги продаваат пченицата и јачменот од годинешниот род имаат право на финансиска помош. Висината на поддршката изнесува 100 проценти од трошоците за чување на реколтата…
Финансиската поддршка за складирање и оваа година може да ја користат евидентираните земјоделци со пријавени површини со пченица и со јачмен кои ја имаат дадено кај регистриран сопственик на силоси од 15-ти јуни до 1-ви септември 2024 година. Исклучок се земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби.
Периодот на чување треба да биде од најмалку 2 до најмногу 9 месеци.
Како прифатливи количества за чување се максимум до 5.000 тони од земјоделско стопанство со остварен принос најмногу до 5 тони по хектар.
Висината на поддршката изнесува 100 проценти од трошоците, со цена на услугата до најмногу 120 денари по тон за еден месец.
Средствата се исплаќаат на сопственикот на силосите во име и за сметка на земјоделецот.
Газдата на објектот до Платежната агенција треба да доставуваат писмени податоци за земјоделското стопанство, состојба на залихите за секој корисник одделно и цената на услугата.
Земјоделците, сите потребни обрасци кој треба да ги пополнат, можат да ги земат од веб-страницата на Агенцијата.