Парите кои ММФ и ги стави на располагање на земјава, веќе се испланирани во буџетот. Ќе се потрошат за поддршка на економија и за полесно заздравување во пост ковид пандемијата. Според министерот за  финансии Бесими, 160 те  милион евра, веќе се предвидени во ребалансот на буџетот, а ќе се повлачат веднаш штом Владата го донесе, а пратениците го изгласаат Законот за задолжување во Собранието.

Овие пари не се повразни за некој проекти. Тие се за безулсовна поддршка во буџетот, без условување. Предвидени се повеќе пари за субвенции за поддршка на економијата, за социјалните граѓани, за капитални проекти, за поддршка на здравството, образованието и земјоделието.

Овие пари ќе се користат со исклучително ниска камата , од 0,05%. Дел од нив се наменети за изградба на Коридорот 8 во Западна Македонија, за гасификација, автопаишта, земјоделие, водонабдување, зелена економија, управување со отпад. Министерот Бесими е задоволен што ММФ имал доверба во политиките и фискалната рамка која ја презентирала земјава. Потврда за тоа е  и кредитен рејтинг од Стандард анд Пурс – кој и при двојно зголемување на дефициотот и раст на државниот долг – го задржале истото ниво за земјава.

Како ризици се наведуваат нееконосмките мерки, што доколку состојбата со пандемијата се влоши и евроспката перспектива,  односно започочнување на преговорите за членство во Унијата, кои можат позитивно да влијаат за инвеститорите, додава Бесими.

Во Извештајот на Стандар анд Пурс се наведува дека државниот долг до крајот на 2024 та година ќе достигне 58% од БДП. Но министерот Бесими вели дека плановите на Владата се вкупниот јавен долг, каде е вклучен и државниот,   да се сведат на 60%  до тој период,  а буџетскиот дефицит да се намали под 3%.